| четврток, 6 декември 2018 |

Херој, тинејџери, туристи: Кој е загинатиот полицаец, а кои повредените лица во Лондон?

Петнаесет години кариера во полициските сили остава зад себе 48-годишниот Кит Палмер, британскиот полициски службеник, кој вчера загина во терористичкиот напад пред парламентарната зграда во Лондон.

Тој беше прободен со нож од страна на терористот, кој се обидуваше да влезе во Парламентот, претходно со автомобил косејќи луѓе по Вестминистерскиот мост.

Државниот секретар во британското Министерство за надворешни работи Тобијас Елвуд безуспешно се обидувал да му го спаси животот на ранетиот полицаец, давајќи му вештачко дишење и обидувајќи се да му го запре крвавењето.

9491e740ce7a7dc2cf92

Шефот на специјалната полиција во Лондон, Марк Роули, во емотивен говор кажа дека Палмер бил татко и сопруг, кој тоа попладне требало да му се врати на своето семејство.

– Сега веќе никогаш нема да може да го направи тоа – изјави Роули.

Пораки со сочуство до семејството на Палмер пристигнале од полициските станици низ целата земја, како и од корисниците на социјалните мрежи од целиот свет.

Меѓу повредените се и тинејџери од Франција, кои биле на екскурзија во Лондон, две лица од Романија и петмина од Јужна Кореја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top