| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец прободен пред британскиот Парламент

Полицаец е прободен пред Парламентот на Велика Британија во централен Лондон јавува „Би-би-си“.

Поради инцидентот Парламентот е затворен.

На барање на полицијата е запрен транспортот за Лондон кај станицата „Вестминистер“.

Известувачот на „Би-би-си“ Лора Куенсберг изјави дека полицијата и рекла оти некој бил застрелан. Тие слушнале „три или четири истрели“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top