| четврток, 6 декември 2018 |

Кина го претстави логото за Светското првенство во 2019 година

kina svetsko prvenstvo logo

Во Шангај е претставено логото за кошаркарското СП 2019 на кое домаќин ќе биде Кина. Логото е инспирирано од Пекиншката опера која е едно од најпознатите културни симболи на Кина, а симболиката што ја пренесува логото се мудрост, упорност, сила и совршенство што им е потребно на сите тимови за да дојдат до успех.

Светското првенство во Кина ќе се одржи од 31 август до 15 септември 2019 година. На овој мундијал ќе учествуваат рекордни 32 репрезентации. Натпреварите ќе се играат во осум градови – Пекинг, Фошан, Вухан, Шенџен, Донгхван, Нанџинг, Шангај и во Гвангџу.

Квалификациите за СП 2019 ќе почнат во ноември годинава, а за пласман ќе се борат 80 репрезентации. Кина има директен пласман како домаќин на мундијалот, а другите репрезентации пласманот ќе мора да го обезбедат низ квалификации.

logo svetsko prvenstvo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top