| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал:Украина го забрани настапот на Русија на Евровизија!

evro

Домаќинот на годинешниов Евросонг, Киев, го забрани настапот на руската претставничка Јулија Самојлова(27) со песната „Огинот гори“ на натпреварувањето, бидејќи пеела на Крим.

Украинската разузнавачка агенција објавила дека е спорно тоа што Јулија настапувала во Керч на Крим 2015 година, после руската анексија. Украина го забрани влезот во земјата на сите кои по нивно мислење илегално престојувале на тој полуостров.Се чини дека исклучок не е ниту руската претставничка, а   Русите и пред забраната најавуваа дека ќе го бојкотираат натпреварувањето.

Русија минатата година остро протестираше поради победата на украинската претставничка Џамала со песната „1944“ која зборува за Сталиновото протерување на Татарите од Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top