| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Удово

demir kapija

На патниот правец Демир Капија – Удово се завршени градежните работи, и до пладне собраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти во двата правца, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.

Инаку, во текот на денот сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата продолжува да се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Од АМСМ предупредуваат дека во клисурите и засеците можни се поситни одрони, особено на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), еден километар пред тунелот Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top