| четврток, 6 декември 2018 |

Помалку ќе спиеме – викендов почнува летното сметање на времето

vreme2

Летното сметање на времето почнува претстојниот викенд, односно на 25 кон 26 март кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро. Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври кога во три часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад. Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.

Првпат преминување од зимско на летно сметање на времето и обратно е забележано во 1916 година во државите на северна Европа, додека во западна Европа е воведено на почетокот на 70­тите години на минатиот век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top