| четврток, 6 декември 2018 |

Хит фотографија: Татко облечен како ѕверот ја води својата мала убавица на кино на „Убавицата и ѕверот“

Добрата врска татко-ќерка е бесценета и исклучително важна, а хит фотографијата која деновиве кружи на интернет е супер пример за таква врска.

На неа, грижлив татко излегува од кино со својата мала принцеза по завршувањето на филмот „Убавицата и ѕверот“. Најслаткото е што таткото е облечен како Ѕверот, додека малото девојче носи фустан како убавицата (Бела).

GrIxPnul

Фотографијата беше објавена од корисник на Imgur и веднаш привлече бројни комплименти.

„Вечерва, бев да ја гледам премиерата на „Убавицата и ѕверот“ и ги видов овие двајца како излегуваат. Ова е одличен татко“ – пишува во описот на фотографијата.

 

извор:фемина.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top