| четврток, 6 декември 2018 |

Дувњак ќе оди на операција, следува долга пауза од шест месеци

Плановите на Лино Червар за атак на златото на претстојното Европско првенство сериозно се нарушуваат со последните информации околу здравствената состојба на Домагој Дувњак. Имено, најдобриот хрватски ракометар веќе извесно време влече незгодна повреда на коленото, но ситуацијата се искомпликувала, па тој ќе мора да оди на операција по која ќе следи и долга пауза од терените.

– Дувњак има проблем со хронична преоптовареност врз левото колено. Намалување на тренинзите е само привремена мерка, јасно е дека проблемот е сериозен, Дувњак порано или подоцна ќе мора да замине на операција – изјави физиотерапевтот на Кил, Детлев Брандекер.

Единствената дилема според германските медиуми е дали Дувњак да биде опериран во следните денови, или пак да се ризикува и да се почека крајот на сезоната. Втората опција воопшто не им оди во прилог на Хрватите, со оглед на фактот дека доколку операцијата биде извршена во јуни, тогаш Дувњак речиси сигурно ќе го пропушти Европското Првенство што ќе се одржи следниот јануари во оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top