Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес организираше најголем мирен протест досега. Маршот, вообичаено, почна пред споменикот на Панко Брашнаров во Новиот дел на Велес од каде продолжи по главната улица, до центарот на градот.
Учесниците со развиорени македонски знамиња и црвено-жолти симболи на државноста мирно и достоинствено ја искажааа својата решеност, како што рекоа, да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на Македонија, во одбрана на Уставот, името, грбот и знамето.
Пред присутните се обрати Менче Андреевска, македонист и подржувач на иницијативата „За заедничка Македонија. Потенцира дека тие како просветари и пред се македонисти кои на младите им го предаваат во училиштата македонскиот јазик, нема да дозволат македонскиот јазик да биде втор официјален во земјава.
– Ова е Македонија и македонскиот јазик бил и ќе биде единствен официјален јазик во Македонија, потенцира Андреевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.