| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Претседателското место во Комисијата без исклучок ѝ припаѓа на најголемата пратеничка група

ilija dimovski

Досегашната пракса на работа нa Собранието на Република Македонија во последните 25 години говори дека претседател на Комисијата за избори и именувања секогаш е од најголемата пратеничка група, рече попладнево Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на денешната координација во Собранието.

– Претседателското место во Комисијата секогаш без исклучок припаѓа на најголемата пратеничка група. Спремни сме ако има договор уште утре да ги тераме следните постапки и процедури во работата на Собранието, изјави Димовски.

Тој посочи дека во праксата на работата на Собранието имало примери кога за претседател на Собранието бил биран пратеник од втората, третата или четвртата партија по број на пратеници, но никогаш немало претседател на Комисијата за избори и именување од партија со помал број на пратеници.

– Во досегашните 25 години нема исклучок од ова правило, а бројот на пратеници, членови на комисиите не е во милост на една партија спрема друга, туку е одлука на граѓаните врз база на егзактна математика. Соодносот 6:5:1:1 не е заради задоволството на СДСМ да покаже гест, туку е последица на изборните резултати од 11 декември, рече Димовски.

Соодносот, нагласи, ниту беше, ниту може да биде предмет на разговор бидејќи е егзактен и се применува со години наназад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top