Еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, попладнево во Собранието на Македонија ја почнаа серијата средби со лидерите на политичките партии.
Првата средба на Хан и европратениците е со претседателот на Беса, Билал Касами, по што треба да имаат одделни разговори и со лидерите на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, на ДУИ, Али Ахмети, на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Претседателот Ѓорге Иванов, како што информираа од неговиот кабинет, нема да се сретне со Хан.
Еврокомесарот и тројката европратенции дојдоа во Скопје во уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)