Соросовите медиуми контролирани од СДСМ како по обичај продолжуваат со манипулации и неточни информации. Имено, речиси сите опозициски медиумите пренесуваат наводен твит на еврокомесарот Јоханес Хан во кој порачувал да се почитувала демократијата и парламентарното мнозинство.
Сепак, не станува збор за твит на Хан, туку твит на еден од неговите соработниците со грчко потекло, Кирјакос Хараламбус кој ја објави наводната порака „да се почитува демократијата и парламентарното мнозинство. Не подгревајте меѓуетнички тензии“.
Инаку, токму истиот човек Хараламбус во мај минатата година ја потпишал петицијата до Барак Обама во која се бара САД да го поништат признавањето на уставното име на Македонија.
На 8 мај минатата година Хараламбус ја потпишал петицијата на грчката асоцијација во САД „Пансмаседониан“ во која се бараше администрацијата на Обама да го повлече решението за признавање на Македонија како Република Македонија.
„Ние, долупотпишаните, граѓани и жители на Соединетите Американски Држави и на земји од целиот свет заинтересирани за унапредување на американските интереси во Југоисточна Европа и Источен Медитеран и за регионалната стабилност, преку оваа петиција бараме да се повлече решението на администрацијата на Буш од 2004 година, со кое БЈРМ е призната како Република Македонија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.