| четврток, 6 декември 2018 |

Ја претепал, силувал, па гола ја возел по град: Минала низ пекол откако сопругот пронашол пораки во нејзиниот мобилен

Повеќе од седум часа ме тепаше, ме принудуваше на орален секс, ме фотографираше унаказена и гола ме возеше по градот, заканувајќи ми се дека ќе ме исфрли од автомобилот за сите да видат дека сум курва.

Вака во разговор за српски „Блиц“, 46-годишната Г.П. од Лајковац, Србија, ги опишува ужасите кои ги преживеала од нејзиниот сопруг З.П. (48), кој е уапсен за семејно насилство.

 

Притворот на насилникот истекува на 22 март, па несреќната жена стравува дека, доколку го пуштат на слобода, ќе ја убие, пишува весникот.

Ужасното малтретирање таа го прежиевеала ноќта помеѓу 19 и 20 февруари, од 21:30 до пет часот наутро, откако во нејзиниот мобилен телефон сопругот пронашол пораки кои ги разменувала со познаник.

– Прво ми удираше шамари и ме корнеше за коса, а после почна со раце и со нозе да ме удира по целото тело. Најмалку пет пати паднав во несвест, после што ме потураше со ладна вода за да продолжи со ќотекот. Ме фотографираше така унаказена и тие фотографии му ги праќаше на човекот со кој се допишував. Во еден момент отиде до кујната и зеде нож, ми го стави под грло и ми се закануваше дека ќе ме заколи. После тоа ме примора на орален секс. Потоа продолжи да ме тепа со кожниот ремен по целото тело, терајќи ме да кажам со кој се допишувам и што имам со него – раскажува Г.П.

2

Бидејќи не му одговорила, тој ја соблекол гола и уште еднаш ја натерал на орален секс, по што ја пикнал во автомобилот и започнал да вози по градот.

– Се закануваше дека ќе ме исфрли кај автобуската станица кај Општината, за сите да видат дека сум курва. Ме врати дома и продолжи да ме тепа, повторно терајќи ме на орален секс. Ми рече дека тоа ќе го прави секојдневно по неколку пати „бидејќи сум курва и тоа го заслужувам“ – низ солзи раскажува жената.

Кога тој се повлекол во својата соба и заспал, таа успеала да избега од куќата.

Лекарите и констатирале бројни рани и модринки, очите практично и биле затворени, на вратот имала гребнатина од сечилото и пукнато ребро.

Таа го пријавила во полиција, тој е уапсен и одредена му е мерка притвор.

Таа во бракот, кој започнал 1991 година, со него има син од 24 години и две 23-годишни ќерки.

– Пвпат ме претепа пред 20 години, но тогаш не можев да си одам со три мали деца. Следниот ќотек го добив пред осум години, а потоа и околу Нова година. Не го пријавував од срам, со надеж дека ќе се промени и дека е важно семејството да се зачува. Психичкото малтретирање траеше сите овие години, после секоја кавга успеваше да ме убеди дека јас сум виновна и јас него му се извинував. Сега не можам веќе – вели Г.П.

По инцидентот таа престојувала кај нејзината сестра, но дома се вратила за да се грижи за болниот син.

– Не смеам да чекам да биде пуштен од притвор, затоа се обраќам во јавноста. Страв ми е дека ако е слободен, ќе ме најде каде и да бегам – вели жената која поднела и барање за развод.

 

На сослушувањето кај обвинителот З.П. признал дека ја тепал сопругата, но ја негиран сексуалната злоупотреба и тоа дека ја возел гола во автомобилот, додека неговиот адвокат констатирал дека тоа биле само „полесни повреди“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top