Канцеларијата за економија и труд на кантонот Цирих секоја година објавува водич за платите на сите професии. Оваа година, на 800 страници беа објавени податоците како минимална препорачана плата и просечна плата во зависност од возраста и искуството.
Еве ја листата на некои професии со просечна или препорачана бруто плата:
Фризер/ка – 2.601 CHF или 2.427 евра
Цвеќар/ка – 3.800 CHF или 3.545 евра
Графички дизајнер/ка – 3.800 CHF или 3.545 евра
Столар – 4.018 CHF или 3.750 евра
Работник во Пошта – 4.031 CHF или 3.762 евра
Пекар/ка – 4.051 CHF или 3.780 евра
Автомеханичар – 4.450 CHF или 4.152 евра
Кондуктер/ка на воз – 4.558 CHF или 4.253 евра
Возач на автобус – 4.858 CHF или 4.533 евра
Новинар/ка – 5.551 CHF или 5.180 евра
Социјален работник – 6.246 CHF или 5.828 евра
Наставник/чка – 7.398 CHF или 6.903 евра
Офицер во војска – 8.142 CHF или 7.597 евра
Јавен обвинител – 10.400 CHF или 9.704 евра
Главен лекар во болницата во Цирих – 12.824 CHF или 11.966 евра
Swissinfo.ch пишува дека во Швајцарија годишно се исплаќаат 13 плати, не 12. Минимални плати нема, но колективни договори воспоставуваат минимални плати во некои области, како кетеринг или хотелиерство.
Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е од 13 до 20% помал. Тие истакнуваат и дека трошоците за живот на Швајцарија се прилично големи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.