Џорџ Сорос е човекот кој сака мешајќи во сувереноста на државите да ја имплементира својата политика, а видовме како неговата политика се манифестираше врз народната канцеларија на Претседателот, истакна еден од членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски на денешниот протестен марш.
Повтори на минатогодишните случувања, и кршењето и палењето на народната канцеларија од страна на активистите на т.н. Шарена Револуција.
-Ја гледате и нашата, повторно отворена канцеларија, изгледа прекрасно со македонските знамиња, претставувајќи ја институцијата Претседател на Република Македонија, потенцира Илиевски.
На маршот денеска можеа да се забележат транспаренти против Џорџ Сорос. „Кукларот и неговата играчка“, „НЕ за Соросова Влада“ и „Рама = Соросова платформа“ се само дел од многубројните транспаренти кои граѓаните ги истакнаа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.