| четврток, 6 декември 2018 |

Златното момче на Холивуд – на кафе со обожавателка болна од рак

Сѐ попопуларниот британски актер Том Харди не попусто е миленик на женската публика. Тој е миленик и на 23-годишната Кајли Даф, која боледува од рак и веќе долго време оди на хемотерапија, за која вели дека ја уништува и психички и физички.

EXCLUSIVE: Tom Hardy Joining The New Batman Film

За својата болест зборувала и на телевизија, а истиот вид тумор бил погубен и за нејзиниот татко пред неколку години. Бидејќи нејзиниот сон бил да го запознае згодниот и талентиран актер, нејзината најдобра пријателка Кејти Бирч го контактирала, а Харди веднаш одговорил на поканата.

tom hardi 2

– Речиси  умрев од среќа кога го здогледав – вели Кајли додавајќи дека пиеле чај, јаделе колачиња и дека ѝ подарил дијамантски ѓердан. Таа не можела да поверува дека тој е толку скромен и мил.

Кајли моментално се наоѓа на одмор на Флорида со својот 2-годишен син Кај, а кога ќе се врати во Англија, ќе продолжи со хемотерапијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top