
Група Македонци се собраа пред Белата Куќа во неделата, во знак на поддршка на иницијативата „За Заедничка Македонија“. Со развиорени македонски знамиња и транспаренти тие упатија порака за зачувување на македонската држава, идентитет и јазик, пренесе Македонската Телевизија.
-Ја изразуваме нашата целосна поддршка за нашите браќа и сестри во Македонија. Да ја зачуваме нашата единствена татковина, нашата слобода и независност. Сега, кога сме свои на своето, нема да дозволиме никој друг да одлучува за нас, за нашата судбина и за иднината на нашите деца и внуци. Македонија е наша земја! Ова е наша битка! За Македонија одлучуваат Македонците и сите други лојални граѓани на Македонија, а не туѓинците и нивните јатаци – изјави професорката по македонски јазик Милка Ковач.
Собирот беше организиран во поддршка на секојдневните собири низ Македонија, како и во поголем број држави низ светот, како реакција на промовирањето на Тиранската платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комити повикуваат на собир пред Собранието: Излезете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!
-
На 27 мај во Охрид студентски собир против промена на името
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“
-
Наумоски: Верувам во Давитков и во остварување на целите


