| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Подготвени сме и на лична жртва, Заев само нека се откаже од платформата и ќе ја поддржиме неговата малцинска власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5 коментирајќи ја актуелната политичка ситуација истакна дека е подготвен и на лична жртва, само Заев да ја остави Македонија на мира и да не ја распарчува.

-Доколку Заев го донесат албанските партии го донесат на позиција, ние му нудиме да сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија,а тоа е 51 пратеник да гласаат за неговата Влада и тој да биде премиер, сите министри во Владата да бидат од СДСМ и ниту еден од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да одат во опозиција, а да му ја поддржат Владата и тоа е еден вид на малцинска влада. Малцинска влада е поддржување на владата од сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат Владата на поразениот. Иако таа малцинска влада нема да донесе ништо добро за нашата земја сепак ќе се спречи разнебитувањето на државата, бинационалноста, како и  откажување на Тиранската платформа, а ние се уште сме отворени за тоа да му ја дадеме целосната власт на Зоран Заев, само нека ја остави нашата земја Македонија, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top