| четврток, 6 декември 2018 |

Свилановиќ: Одлуката на Иванов предизвика краток струен удар, но на долг рок ќе донесе успех

Иванов донесе правилна и разбирлива одлука кога го откажа Самитот на претседатели во процесот на соработка на ЈИЕ. Одлуката предизвика краток струен удар. На корат рок е непријатна, но ќе донесе успех на долг рок, истакна генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ денеска во Охрид.

Свилановиќ смета дека бојкотот на самитот не е единствениот проблем и дека само со дијалог можат да се надминат бројните проблеми во регионот.

– Треба да се разговара кои се проблемите во регионот кои се решенијата и тие решенија да се почитуваат. И сите учесници во дијалогот треба да се почитуваат како личности, како функционери, министер, претседател, да се почитуваат како земји, истакна Свилановиќ.

За прв пат на состанокот за регионална соработка учествуваат и претставници од Косово, а Србија немаше против нивното присуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top