| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон го „чисти“ британскиот етер од исламски екстремисти

ekstremistiЛондон работи на „чистење“ на медиумите од информациите од декларирани екстремистички пораки.

Британската Влада сака да забрани муслиманските екстремисти да се појавуваат на телевизија и да даваат интервјуа, а нивните евентуални тонски изјави да бидат покривани, со глас на водителот или на спикер. Хоум Офисот планира за тоа да ја задолжи комисијата за работата на електронските медиуми ОФКОМ, да им наложи на радио и телевизиските станици во Велика Британија, забрана за разговори и интервјуа со  познати и декларирани исламистички верски или политички лидери.

Со ваквата забрана би била опфатена и интернет мрежата, посебно страницата Јутјуб-на која редовно се промовираат екстремистичките ставови и на кои отворено се заговара омраза и насилство, врз верска основа, против сожителството и против британските и западните културни вредности. Владата во Лондон сега работи на законски овластувања со кои Гугл би имал обврска да ги „чисти“ ваквите сајтови и да не дозволува тие воопшто да се поставуваат.

Ваквиот план е промовиран по минатонеделното брутално убиство на британскиот војник во Лондон, среде бел ден и на улица. Посебен гнев во Хоум Офисот предизвика Би-Би-Си со решението да го повика на интервју еден од најтврдите исламистички екстремисти Анџем Чудари.

Намерата за блокирање на настапите на муслиманските екстремисти на радио, телевизија, како и на интернет мрежата, е идентична со одлуката на Владата на Маргарет Тачер од 1988 година, за забрана на појавување на телевизија на водачите на ИРА, како и за покривање на гласот на Џери Адамс кога тој даваше изјави.

Организациите за заштита на човековите права и разните либерални задруженија соопштија дека се против плановите на сегашната Влада и на Хоум Офисот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top