Од сабота ќе се почне со дигитален пренос на телевизиски содржини на националните и регионалните телевизии. Сите оние што имаат проблеми може да се обратат до Агенцијата за електронски комуникации.
– За сите проблеми што можат да се појават во процесот на премин од аналогно во дигитално емитување на телевизиските сигнали може да се јават на бесплатниот телефонски број 190 во центарот за контакт на АЕК секој ден, вклучително и во сабота и во недела – велат од Агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.