| четврток, 6 декември 2018 |

Ставила слушалки и пуштила музика од својот телефон – Ја разбудила екплозија која и го изгорела лицето

slusalice-avion

Жителка на Австралија која патувала со авион на релација Пекинг-Мелбурн само што удобно се сместила на своето седиште, ги ставиле своите слушалки на глава и пуштила музика од својот телефон па за кратко задремала, а од сонот ја станала екслозија која се случила токму на нејзината глава.

Забележила дека од нејзините слушалки изкегуваат искри, а платиката се топела. Имало и мал пламен, кој за среќа не ја зафатил нејзината коса, туку само лицето и ја оставил со изгореници.

Името на патничката не е објавено, а девојката само кратко изјавила дека во тие моменти само ги фрлила слушалките на земја.

– По неколку секунди откако отворив очи и сфатив што се случува, само ги фрлив на под, изјавила таа.

Персоналот на летот помогнал да се изгаси пламенот, а во незгодата настрадал и нејзиниот мобилен телефон.

Во извештајот на австралиската влада не се именува марката на слушалките ниту моделот на мобилниот телефон, туку само навеле дека најверојатно инцидентот бил предизвикан од неисправна литиумска батерина на модел на телефон кој и претходно имал пробелеми со батеријата. Заради слични причини минатата година бил прекинат лет од Сиднеј, кога од багажот на еден од патниците почнало нешто да испушта чад. И во тој случај било утврдено дека станува збор за мобилен телефон кој бил во торбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top