Како и поголемиот дел од младите жители на Њујорк, ЈП Ливингстон го минува своето слободно време по кафулињата, рестораните и ноќните клубови, но помеѓу неа и нејзините врсници има една разлика. 28-годишната Ливингстон е во пензија.
Откако минала 7 години работејќи во финансискиот сектор, градејќи ја својата каериера каде стигнала до сениорска менаџерска позиција, таа успеала да собере заштеда од преку 2 милиони долари (околу 1.9 милиони евра) со 40 отсто вложување од нијзиниот фонд и 60 отсто чиста заштеда. Со оваа огромна акумулација на пари таа успеала да го оствари својот сон, да се пензионира пред да наполни 30 години.
– Јас вака гледам на работите. Ако не мора да работите за пари, може да правите што сакате. Ако сакате во оваа ситуација може и да работите за просечна плата, колку да си го исполнувате денот, а едноставно може и да си ги исполните животните желби пред да остарите. Нешто што јас сакав да го направам, изјавила таа за Бизнис Инсајдер.
Ливингствон добила шанса за солидна работа уште додека студирала, а во тоа време заработувала околу 100 000 долари годишно. Таа била одлучна во својот план, па живееле доста скромно, штедејќо околу 70 отсто од месечните примања. Дури и со текот на годините како што растел нијзиниот приход, таа не го сменила начинот за живот.
Откако стигнала и до тројно поголема плата од почетната, таа вели дека никогаш не потрошила повеќе од 65 000 долари годишно, и тоа заедно со својот сопруг.
Сега работи на својот блог „The money habit“ на кој наведува 4 најважни совети за сите кои сакаат да заштедат во Њујорк, еден од најскапите градови во светот, а до кои Ливингствон вели дека не отстапила ниту еднаш во својот живот.
– Одредете кои се вашите најголеми месечни трошоци и најдете начин драстично да ги смалите (кирија, превоз, сметки, што и да е, најдете начин да ги преполовите)
– Купувајте половни работи (Новото е секогаш поскапо, но не секогаш е подобро)
– Искористувајте ги промоциите во големиот град (Кога ќе имате финансиска акумулација, ќе бидете во можност да искористите понуди на кои работи што навистина ви требаат се нудат со голем попуст)
– Размислете три пати пред било што да купите и колку ви е тоа неопходно (Ова ќе и помогне и на вашата линија)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.