| четврток, 6 декември 2018 |

Миранда се срами од серијата „Сексот и градот“

Синтија Никсон, позната по улогата на Миранда во серијата „Сексот и градот“, открива дека се гордее со тоа што серијата го направи за жените, но се срами од нејзиното поимање на љубовта, а тоа во добар дел се заснова на парите.

39719_sintija-nikson_af

Четириесет и седумгодишната Синтија, која е омажена за Кристин Мариони, во едно интервју проговори за серијата велејќи дека никогаш не ѝ се допаѓал аспектот на врската кој се заснова на љубовта и парите, е е застапен во оваа серија.

– Се сеќавам кога го снимавме првиот дел од филмот и сцената во која Ѕверката и го покажува шкафчето за чевли кое го изградил за Кери. Мене тоа ми беше поразително. Во ред, можеби е тоа пресилен збор, нека биде разочарувачки – рекла Синтија.

seksot-i-gradot-660x300

Инаку, оваа сцена во јавноста наиде на бурни критики.

Ѕверката не само што ѝ купува стан, туку се нуди да ѝ го приспособи просторот на нејзините чевли и фетиши. Најлудо од сѐ е што публиката на тоа аплаудира, наведува Антони Лејн во критиката за „Њујоркер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top