Најпознатиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ важи за мошне шармантно момче, кој, покрај својот спортски талент, поседува и голема смисла за хумор. Многумина го сакаат, како поради неговиот успех, така и поради тоа што умее да се забавува, а умее и да ги насмее своите фанови.
Навикнавме да го гледаме како ги имитира своите колеги, да се забавува по натпреварот, а овојпат Ноле подготвува нешто ново. Бидејќи секогаш е во кадар, овојпат тој ќе се најде зад камерата. На својот профил на „Твитер“ постави видео во кое Ноле ја држи камерата и нешто снима, а како коментар напишал:
– Ноле Спилберг – еве дел од мојот нов проект, очекувајте трејлер оваа есен.
Очекуваме наскоро Ноле да открие за што, всушност, станува збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура