Почнува 7. издание на саемот за венчавки кој традиционално и оваа година ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Свеченото отварање е закажано за денеска во 20 часот.
Отворањето ќе започне со музички перфоманс на Пламенка Трајковска квартет, а во продолжение ќе настапат и спектакуларните тенори „Трио Џентлмен” кои ќе бидат предигра и најава за модната ревија на венчаници и костуми каде како модели и оваа година се појавуваат наши познати естрадни имиња.
Еве неколку имиња кои вечерта ќе ги видиме во улога на невеста и младоженец, а тоа се како водител и заштитно лице за оваа година Елена Стефановска потоа Лила Филиповска, Сара Мејс, Рената Кралевска, Симона Поповска, Маријана Станојковска, Светлана Црнокрак, Зоран Љутков, Влатко Кузмановски, Љубица Јаневска, Јована Стојменовиќ, Јули Јана, Симона Станковска…
Во сабота посетителите ги очекува богата програма, како работилници за невестинска шминка и фризура, ревија, музички перформанси, дегустација на молекуларни свадбени коктели и извлекувања на многу подароци и свадбени викенди од изчожувачите.
Недела е ден за индивидуални модни ревии, а новите колекции ќе ги претстават седум модни креатори. Реввите започнуваа од 13 часот и ќе траат се до вечерните часови. а као модели се појавуваат манекенките од одното студио Црнокрак.
Саемот е отворен за посетители сабота и недела од девет до 21 часот, влезница се купува на само место и чини 70 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.