Петтиот Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ од 13 до 15 март.
За отворањето организаторот подготви специјална програма во која познати македонски дами ќе ги носат венчаниците на најдобрите креатори, а мажите од естрадата, пак, ќе ги претстават новите модели на машки костими. Покрај ревијата, ќе има настап на „Пламенка квартет“ и коктел.
Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни двојки, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.
Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи.
Саемот е отворен за посетителите в сабота и в недела (14-15 март) од 9 часот до 21 часот.
Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се Mcouture by Mila Kadriu, Атаеље Билиа, модната куќа Елена Лука, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Dea Sposa, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Fabres, Tuc, Duni, Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Јасмин, цветни декорации Грација, Гинекалис, фото студио Јасмина, продукција за свадбена кинематографија Flycam, свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, Ботега инвенти, ресторан Маркиз де лукс, рестоаран Амиго, ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, Wedding Planer Ивана, накит и бисери Ристевски и др.
На самиот ивент ќе бидат претставени и неколку специјализирани возила за младенците (олдтајмери) . Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот www.vobelo.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.