| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Наумов не го поддржува Заев, останува во трка за лидер на СДСМ

Кире Наумов не договорил поддршка на Зоран Заев. И од кругот на Заев и од кругот на Наумов негираат дека на само три дена пред донесување на одлуката кој ќе седне во фотелјата на Бранко Црвенковски, Наумов решил да го поддржи Заев.

Договор нема воопшто. Не сме ни блиску до некаков договор – велат од таборот на Заев.

И кај Кире Наумов со истата изјава. Нема поддршка, Кире Наумов е еден од кандидатите за лидер на СДСМ, кој се избира на Конгресот на 2 јуни.

Претходно Курир изјави дека Наташа Савова, Горан Минчев и Игор Ивановски  му замериле на Заев за агресивните и непринципиелни договарања. На високото раководство на СДСМ, најмногу му пречело ваквото договарање особено заради фактот што Наумов во минатото отворено го критикуваше работењето на Црвенковски, Савова и луѓето од нивното опкружување.

-Заев договорил поддршка и од Димитар Бузлески, кој инаку е гласен критикувач на работата на Црвенковски, додека пак, Јовановски и Ивановски, договориле соработка со градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски. Кандидатите се обиделе да ја придобијат и наклонетоста на Јани Макрадили, според кој, Заев не е достоен наследник на Црвенковски. Заев, наоѓа утеха во поддршката од Радмила Шекеринска – пишува Курир.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top