Речиси три милиони Сиријци се регистрирани во Турција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во моментот вкупно 2.957.454 Сиријци се регистрирани во Турција со биометриски податоци. Бројот на Сиријци кои живеат во Турција под привремена заштита се зголемил од 2011 година досега. Во 2012 година имало 14.237, а во 2017 година се речиси три милиони.
Бројот на нелегални мигранти уапсени од силите за безбедност е зголемен меѓу 2014 и 2015 година. Во 2014 година биле приведени 58.647 мигранти, а следната година тој број се искачил на 146.485 мигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.