Започна 18 марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која масовно ќе протестира низ скопските и улиците на уште 30 други градови низ земјата за зачувување на унитарноста и на сувереноста на Република Македонија.
На чело на денешната колона се ловџиите, кои како и уметниците, спортистите, камионџиите излегоа во одбрана на унитарноста на татковината.
Попладнево ќе има протестни маршеви во 31 град низ Македонија.
– 18 ден. Македонија е будна и тоа им е јасно на се повеќе и повеќе луѓе. Се рушат рекордите за масовност. Повеќе од 150 000 се на улиците секој ден „За Заедничка Македонија“. Приклучете се! – повикаа од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
Ловџии од Кратово уловиле дива свиња тешко 250 килограми
-
Мистериозна смрт на двајца ловџии: Едниот умрел од стрес од она што го видел
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност