| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку осуммина се ранети во нападот на училиште во Франција

Најмалку осум лица се ранети денеска при вооружен напад во средно училиште во градот Грас во јужна Франција, јави електронското издание на весникот „Индепендент“.

Локалните власти на Грас соопштија дека не станува збор за терористички напад, туку „за инцидент поврзан со двајца ученици“.

Според полицијата, инцидентот се случил кога вооружено лице влегло во училиштето „Алексис де Токвил“ и почнало да пука. Според полицски извори, напаѓачот бил вооружен „со пушка, пиштол, револвер и две рачни бомби“.

Полицијата информира дека по инцидентот упасила едно лице, а по уште едно се уште трага.

Уапсено е едно седуманесетгодишно момче, кое според полицијата, вооружено влегло во гимназијата.

Според неофицијални информации, меѓу ранетите лица е и директорот на гимназијата.

Денешниот инцидент доаѓа откако утринава Министерството за правда на Франција најави дека е можно да биде укината вонредната состојба во земјата, што беше воведена по терорстичките напади на 13 ноември 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top