| четврток, 6 декември 2018 |

Влезница за шпанското ел-класико ќе чини 20.000 долари?!

ronaldo i mesi

На веб страницата „Стабхаб“, американска компанија за продажба за влезници, стои дека една влезница за да го гледате „Ел Класико“ мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе чини 20.000 долари.

Тоа ќе биде најскапиот билет за натпреварот, кој треба да се одржи во Мајами на 29 јули. На страницата стои дека уште денес може да се резервира карта, која чини 545 долари, а просечната цена на влезниците ќе изнесува 200 долари.

„Хард Рок“ стадионот има капацитет од 65.000 гледачи, а на претходното гостување на Барселона во 2011 година беше срушен претходниот рекорд на стадионот по бројот на присутни навивачи.

karta

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top