Деветнаесетгодишниот М.З. од Скопје е осомничен за убиство, за што денеска протви него е поднесена кривична пријава од СВР Скопје. Од страна на судија одредена му е и мерка за одземање на пасош и морално пријавување секој ден во полициска станица.
Ноќта на 1 март, околу 00.15 часот, додека С.С. (52) од Скопје се движел пеш по тротоарот од бул.„Св.Климент Охридски“, бил удрен со едно бекатонско парче во тилот од страна на пријавеното лице, кое управувало велосипед.
Од ударот С.С. паднал на тротоарот и останал да лежи, каде бил пронајден од припадник на единицата „Алфа“, соопшти денес МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.