
Италијанскиот калчолигаш Милан нема намера да го продаде својот неверојатно талентиран голман Џанлуиџи Донарума ниту за сума од 100 милиони евра. Актуелниот европски првак Реал Мадрид испратил фантастична понуда за 18-годишниот голман на „росонерите“ кој е веќе прогласен за наследник на легендарниот Џанлуиџи Буфон во италијанскиот национален тим.
Донарума има договор до јуни 2018 година со Милан, а раководството на клубот сака тој пред завршувањето на оваа сезона да го продолжи до 2020 година. Понудата е вредна 2,5 милиони евра по сезона, но Реал Мадрид е подготвен да му даде двојно повеќе и да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, ниту отштета од 100 милиони евра засега не е дозвола за „росонерите“ да се откажат од својот голмански дијамант. Но, ако не го продолжи договорот, тогаш и опциите на Милан ќе бидат се помали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим


