| четврток, 6 декември 2018 |

Поставангардната берлинска група „Ди вилде јагд” пристигнува во Скопје

Берлинската музичка група „Ди вилде јагд“ (Die Wilde Jagd), која ќе настапи утре (17 март) во Денсинг салата во Младинскиот културен центар, ќе донесе нова енергија и поинакви звучни хоризонти на скопската музичка сцена.

Оваа берлинска група носи нова музичка струја и е предвесник на нови естетски насоки на современата генерација германски артисти.

Ралф Бек и Себастијан ли Филип, креативниот двоец на групата, првпат се среќава во 2006 година во центарот „Салон на аматери“ во Диселдорф, место познато како германска постпанк хациенда, каде што се собираат најзначајните музичари и уметници.

Затоа и не е коинциденција што токму во Диселдорф ова дуо работи и твори музика која е полна со суптилни референции за локалните бендови како „Kraftwerk“, „NEU!“, „DAF“, „Liaisons Dangereuses“, „Pyrolator“…

Во бендот членува и Нико Ромел на ударни инструменти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top