| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Сите сакаат да го избегнат Лестер во ждрепката за четврт-финале

zinedin zidan

За утре е закажано извлекувањето на четвртфиналните двојки за Лигата на шампионите, а голем дел од тимовите не ја кријат својата желба – да избегнат пресметка со Лестер. Џиџи Буфон веднаш по триумфот над Порто изјави дека не сака да се сретне со англискиот претставник во следната нокаут-фаза, а истиот став го има и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

– Мислам дека не постои тренер од овие преостанати седум што ќе сака да се сретне со Лестер во четврт-финалето. Цело време ги гледаме истите работи, мислиме дека нешто е невозможна мисија за нив, а тие ја остваруваат. Сите велеа дека не можат да ја освојат Премиер-лигата, го сторија тоа, се мислеше дека ЛШ е превисоко ниво за нив, самите видовте ешто се случи. Клучот е во тоа дека многу се борат и дека не чувствуваат никаков притисок. Кога ние би играле со нив би важеле за суперфаворити, но тие ќе го искористат тоа за дополнително да се мотивираат… и потоа ќе ни го загорчат животот. Секако, во своите редови имаат и бројни талентирани играчи така што најискрено посакувам да не налетаме на Лестер во четврт-финалето – изјави Зидан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top