| четврток, 6 декември 2018 |

Филхармонија вечерва ќе свири со најдобрите студенти

Најдобрите студенти од факултетите за музичка уметност во Скопје и во Штип ќе концертираат со Македонската филхармонија, вечерва во 20 часот во Домот на армијата.

20120913023425DSC_1950 sredna

Диригент ќе биде Борјан Цанев. Kако солисти ќе настапат: Милан Јанкулоски, пијано, Љупка Манчевска, виолончело, Александар Стефановски и Игор Димов, кларинет, Елена Дојчинова, флејта и Бојан Илкоски, виолина.

На програмата ќе бидат дела од: Сен-Санс, Хајдн, Менделсон, Равел и Борне.

Филхармонијата, традиционално, во рамките на својата концертна сезона отстапува простор за промоција на студентите, кои се избираат по пат на аудиции. Влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top