| четврток, 6 декември 2018 |

Не прастануваат шегите на сметка на Барселона, претставен новиот дрес за следната сезона

Опсесијата околу судиските одлуки, кои одат во корист на Барселона го достигна својот врв. На една телевизија од главниот град на Шпанија беше претставена нова комбинација, која ќе стои на дресот на Каталонците во наредната сезона.

Едната половина ќе биде во традиционалните бои на каталонската екипа, додека другата половина ќе биде обоена во жолто, односно ќе биде официјалниот дрес на арбитрите. Оваа провокација испратена кон Барса алудира на лошата арбитража на Дениз Ајтекин, кој на дуелот со ПСЖ според многумина им „помогна“ на каталонските фудбалери да го направат епскиот пресврт.

Денеска, францускиот шампион испрати и официјална жалба до УЕФА, на која одвои дури седум моменти од мечот на „Камп Ноу“, кои одат на нивна штета, а им помагаат на противничките фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top