| четврток, 6 декември 2018 |

Нов Меѓународен театарски фестивал „Белазора“

По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, во Свети Николе ќе започне нов Меѓународен театарски фестивал “Белазора“.
Иницијатор и организатор на фестивалот е Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет “Гаврило Романович – Державин“ од Свети Николе.
Фестивалот е замислен и ќе се реализира како театар во куфер, односно мобилен театар, а ќе започне на 28 март и ќе трае до 5 април оваа година.
Фестивалот ќе го носи името “Белазора“ според истоимениот археолошки локалитет во Овче Поле, во непосредна близина на Свети Николе.
Инаку, на првото издание на Меѓународниот театарски фестивал “Белазора” ќе настапат: Народниот театар од Врање со претставата “Женски разговори“ од Душко Радовиќ, Народниот театар од Штип со претставата “Љубовен маратон“ од Нил Сајмон, Народниот театар од Охрид со претставата “Дениција“ од Петре М. Андреевски, како и студентите од класата на актерот и професор Мето Јовановски при Универзитотот ЕФТА од Скопје.
Годинава, претставите ќе се изведуваат во Свети Николе и Штип.
Директор на фестивалот е Христо Петрески, а селектор е Трајче Кацаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top