| четврток, 6 декември 2018 |

Едно изгорело, две чекале со полиен бензин – подметнат пожар во возилата на скопско семејство

Ноќва во 03.10 часот во ЕИК Скопје, било пријавено дека во нас. Кисела Јабука-скопско, на ул. „10“ било опожарено возило „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки.

Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.

Кога излегле на местото на настанот полициските службеници констатирале дека освен што е опожарено наведеното возило, на ул. „26“, најверојатно полиени со бензин се и две други возила, „ауди“ и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.

Сите три возила се сопственост на Б.М. и неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top