Не можам да сфатам.
Не можам да сфатам до кој степен на вулгаризација е доведено биполарното, манихејското или сталинистичко-језуитското мислење, според кое ако не си со нас, тогаш си со противникот. Овој примитивен менталитет и начин на заклучување, кој размислува во категориите или-или, кој не знае за никаква нијанса, за никаков преод/прелив, станува сѐ повеќе и повеќе доминантен како во светот, така и кај нас, во Република Македонија, пишува на својот ФБ профил Универзитетскиот професор и независен политички и општествен експерт Љубомир Цуцуловски.
Не можам да разберам како е можно секое патриотски мотивирано противење на Платформата на албанските партии, од СДСМ, како и од некои негови заслепени симпазитери, да биде прогласувано за безрезервна подршка на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ако се прифати оваа логика, овој начин на заклучување и немислење, тогаш следи дека овие морални и интелектуални инвалиди, овие човечки накази и, несакајќи, ја поистиветуваат ВМРО-ДПМНЕ со македонскиот патриотизам, нешто што е далеку од секој ум, бидејќи човек може да ја сака Македонија без да припаѓа на било која партија. Така, овие гноми, овие несреќни човечки суштества, и нескајќи, борејќи се против ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија, барем на посреден, несвесен начин, ја прогласуваат за единствена патриотска партија. На тој начин, слепата омраза и осуда, преминуваат во одбрана на она што се мрази и што се осудува. Оттука, главната сила која на власт ја одржува ВМРО-ДПМНЕ е токму оваа, во секој поглед, неспособна опозиција. Затоа, неслучајно, пред неколку месеци предложив Зоран Заев да биде избран за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи без него ВМРО-ДПМНЕ не ќе можеше толку многу време да се одржува на власт. Односно, можеби Заев субјективно не работи за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа објективно (што значи практично) работи за одржување на оваа партија на власт, пишува тој.
Тој додадава дека Исто така не можам да сфатам како овие „душегрижници“ за демократијата, слободата и правдата, меѓутоа и одлучни борци против, како што самите тие оценуваат, примитивниот македонски патриотизам, не го забележуваат албанскиот шовинизам и албанската ксенофобија, кои бабрат во одредени албански средини (партиски или индивдуални, сеедно) и кои од ден до ден растат и се шират токму пред нивните носеви. Не можам да разберам како остануваат незаинтересирани, ниту можам да разберам зошто во своите медиуми не ги објавуваат изјавите на Зијадин Села, на оние што доаѓаат од Косово или од Албанија, како и обраќањето на албанската пратеничка Месила Додa, член на албанската партија PDIU (Partia Drejtësi, Integrim dhe Unitet/Партија за праведа, интеграција и единство), обраќање полно со омраза кон Република Македонија и со директни закани за воена интервенција (надворешна и внатрешна) врз Република Македонија. Ова не е ништо друго освен своевидно најавување на војна против Република Македонија. И, повторно, молк!
Не можам да разберам како омразта кон една партија, макар таа партија била ВМРО-ДПМНЕ, да биде над љубовта кон татковината, кон земјата и средината во која човек се родил, во која растел и се школувал, во која ги раѓал и ги негувал своте деца, во која се радувал и тагувал, во која, едноставно, сите сме живееле, живееме и ќе живееме – како ние, така и нашите потомци. Кога омразата и бесот надваладуваат над љубовта, тогаш на дело е голата некрофилија. Република Македонија страда од некрофилија, како облик на деструкција, истакна тој во својот ФБ статус.
1) Линк кон говорот на Месила Доде, со македонски титл: http://kurir.mk/…/eve-do-shto-dovede-tiranskata-platforma-…/
2) Линк кон говорот на Месила Доде, на албански јасик: http://www.tetovasot.com/…/mesila-dode-dikush-i-thote-maqe…/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уништен: Вака изгледа денес некогашниот Поштенски дом на Водно (ФОТО)
-
Граѓанската Лига на Диогарди: Повик до Парламентот на Македонија под итно да ја имплементира Албанската (Тиранска) платформа
-
Цуцуловски: Се родив во Македонија, а заради нечиј ќеф треба да умрам во некоја си не – Македонија?
-
Љубомир Цуцуловски: Немање црвени линии значи и сигурна промена на името