| четврток, 6 декември 2018 |

„Блесок“ организира поетско читање на Марко Томаш и Бојан Марјановиќ

Културната институција Блесок во четврток во 20 часот во Концепт 37 ќе биде домаќин на двајца извонредни поети – Марко Томаш и Бојан Марјановиќ. Томаш и Марјановиќ на македонската публика ќе ѝ ја претстават својата поезија, а промоторки ќе бидат Елизабета Баковска и Румена Бужаровска.

Марко

Марко Томаш е роден во Љубљана, но живеел и работел во Сараево, Загреб и Сплит, а моментално живее и работи во Мостар. Тој е еден од основачите и уредниците на Kолапс, новинар е во zurnal.info, а објавувал поезија и проза на босанско-херцеговски, хрватски и српски јазик. Песните му се преведени на италијански, полски, германски и англиски јазик.

Боjан

Бојан Марјановиќ е роден во Ужице, а дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Белград. Ја објавил поетската збирка „Политика, порнографија, поезија“. Ја добил стипендијата на НИН за роман во создавање за 2015 година, како и наградата Лаза Лазаревиќ за необјавен расказ за 2013 година. Објавува раскази, песни и есеи во периодиката. Живее во Белград каде што работи како новинар за списанието „Лицеулице“.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top