| четврток, 6 декември 2018 |

„Дејли колер“: ДУИ ги следи насоките од амбасадор кој ѝ припаѓа на поранешната амерканска администрација

Mешањето на Сорос во внатрешните работи на Македонија, како и погрешната одлука која ДУИ ја прави, да оди против Влада со ВМРО ДПМНЕ, следејќи насоки од амбасадор кој припаѓа на поранешната администрација, игнорирајќи ги одличните односи кои ВМРО ДПМНЕ ги има со Републиканската партија и новата администрација на претседателот Трамп, како и правилото „победник со победник“, се само дел од работите за кои пишува полковникот Вес Мартин во најновиот текст на „Дејли Колер“, најголемиот прорепубликански електронски медиум во САД“, насловен „Јавајќи наспроти ветерот“.

Полковникот потсетува и на сличен пример од Ирак каде што служел во американската армија, кога администрацијата на Обама и Клинтон го оневозможила победникот на изборите да формира Влада.

„Како што Македонија ги решава неодамнешните парламентарни избори и актуелната политичка ситуација, јасно е дека Македонците не сакаат странско мешање или меѓународна пропаганда за да се одлучи што е во најдобар интерес на својата земја.

„Пречекан од Македонците“ е најавата на претседателот Доналд Трамп дека Америка нема да се меша во внатрешните работи на суверени држави. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, или ја нема примено оваа најава или ја игнорира. Бејли, кој беше дел од администрацијата на Обама ја продолжува својата двегодишна историја на мешање во македонската домашната политика, претставувајќи лажна слика за себе како највисок орган на Америка во Македонија.

Активностите на Бејли не се во најдобар интерес на долгорочните македонско-американски односи и особено не во интерес на македонските граѓани. Наместо тоа, Бејли ги поддржува интересите на Џорџ Сорос во обидот да се спречи етничка стабилноста во Македонија и на Балканот.

За прв пат во 20 години, најголемата албанска политичка партија во Македонија, ДУИ и нејзиниот претседавач, Али Ахмети, не ги прифаќаат резултатите од изборите и не работи заедно во коалиција со вистинскиот победник, ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, ДУИ е на страната на Сорос и амбасадор Бејли.

Како претставник на Стејт Департментот во Ирак, треба да го потсетам Бејли на фијаското што произлезе од претседателот Обама и државниот секретар Хилари Клинтон, кои не застанаа зад Ајад Алави кој беше победник на изборите во Ирак. Наместо тоа, Белата куќа и Стејт Департментот беше против ирачкиот народ и помогна партијата на Хизб Нури ал-Малики да остане на власт. Ова доведе до серија на настани кои можеа да се избегнат, но направија дестабилизација на Ирак и доведеа до пораст на ИСИС.

Партијата ДУИ во Македонија треба да работи заедно со вистинскиот победник на изборите во земјата, а не со аутсајдери, како што Џорџ Сорос и амбасадор во заминување, Бејли влијаат на нивните одлуки. Наместо да јава против ветер и да се спротивстави на новата влада, ДУИ треба да работи за влада која носи стабилност во Македонија, и да го почитува правилото “победник со победник”. Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ. Да не заборавиме дека ДУИ и Стејт департментот инсистираа на ова правило во минатото. Нестабилност во Македонија значи нестабилност на Балканот. Европа веќе има доволно проблеми генерирани од страна на американската интервенција на Блискиот Исток.

Претседателот Трамп треба веднаш да го отстрани амбасадор Бејли од Македонија. Влијанието на Џорџ Сорос треба да се сведе на минимум. Тоа нема да се случи се додека амбасадор Бејли е оставен на функцијата за да служи на интересите на Соросовата машинерија. Македонскиот народ заслужува подобро.

Македонија има голема врска со САД. Во 2002 година американскиот претседател Џорџ Буш ја призна Македонија под нејзиното уставно име, наспроти притисокот на Грција. Во 2008 година, Македонија и САД потпишаа „договор за стратешко партнерство“. Македонија е единствената земја во регионот, и една од ретките во светот, која има ваков вид на договор.

Позицијата на Македонија во Европа, на Балканот и Југоисточна Европа е од клучна важност за безбедноста на Европа и САД, како чувар од сирискиот бегалски бран, но и етничката хармонија во Македонија е позитивен пример за регионот и заради тоа треба да бидат заштитени.

Сорос и неговата организација, кои се маскирани како меѓународни партнери на граѓанското општество, се обидуваат да го поткопаат политичкиот систем на Република Македонија. За повеќе од една четвртина од еден век, Соросовата машинерија фрли милиони долари и секогаш го напаѓаше ВМРО ДПМНЕ, без разлика дали партијата беше во владата или во опозицијата и секогаш дава поддршка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, која е поранешната Комунистичка партија на Македонија.

Седум конгресмени неодамна напишаа писмо до Владината канцеларија за сметководство, барајќи истрага за амбасадорот Бејли. Законодавците напишаа дека „Американскиот амбасадор не треба да имаат улога во формирањето на Владата или да зазема страна за време на процесот на правење владина коалиција.“

Тоа време за партизација треба да заврши. На граѓаните на Република Македонија треба да им се даде можност да изградат иднина врз основа на етничката стабилност во земјата и регионот. Македонците сега имаат сојузник во Белата куќа на претседателот Трамп. Македонија и ВМРО ДПМНЕ имале одличен учинок во минатото со републиканските администрации и ние со нетрпение очекуваме да продолжи тој однос и во 2017 година, додека се движат напред со претседателот Трамп и неговата администрација.“, пишува во колумната на полковникот Мартин.

Полковникот Вес Мартин се повлече од активна должност во 2010 година. Во текот на неговиот подем од војник во полковник, тој акумулираше повеќе од десет години на командна функција, вклучувајќи два баталјони, една група и една база. Во борба, тој служел како висок антитерористички офицер во Силите за заштита во сите коалициските сили во Ирак за време на операцијата „Слобода за Ирак 1 и 2“, како постар службеник за операции во „Task Force 134“, и како командант на истурената оперативна база Ашраф. За време на неговите три тури од Пентагон, тој служел како Шеф на Тимот за Проценка на Штети, Шеф на Армискиот Оперативен Ценатар за Кризни акции и Шеф на Оперативниот Центар за Информации. Полковникот Мартин својата воена служба ја заврши како шеф на Оперативниот Центар за Информации во Кореја.

Како антитерористички Офицер во Ирак, полковникот Мартин беше лидер кој беше на фронтот, а тоа резултираше со спречување на Ал Каеда да го убие умерениот шиитски лидер, Ајатолах Систани и да ја разнесе конвенцијата на лекарите во Багдад. Тој, исто така, спречи кражба на повеќе од 60 радиоактивни извори и напад врз саем ва Багдад.

Како Шеф на Оперативниот Центар за Информации во Кореја, полковникот Мартин разви програма за надзор на компјутерски мрежи што стана модел за сите на САД, но и Министерството за одбрана.

Неговите награди вклучуваат две Легии за заслуги, два Бронзени Ѕвезди, и шест медали за Посебни Заслуги.

Полковникот Мартин има две магистерски студии (меѓународна политика и меѓународен бизнис) и има бројни објавени статии кои се фокусираат на лидерство и воената историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top