Со географска карта на која се Грција и поширокиот регион пристигнал, според грчките медиуми, Никос Коѕијас на средбата со својот американски колега Рекс Тилерсон, известува Сања Ристовска
од Атина, специјално за весникот „Нова Македонија“.
Шефот на грчката дипломатија на овој начин сакал на државниот секретар за надворешна политика на САД да му ја објасни ситуацијата во регионот, на Блискиот Исток и на Балканот, во земјите околу Грција или, како што самиот Коѕијас доста често вели, во триаголникот на нестабилност, во кој, според него, Атина е столбот на безбедност и стабилност. Како што пишува дописникот од Вашингтон за електронското издание на весникот „Реал“, американскиот државен секретар бил доста заинтересиран кога ја видел мапата и прашувал за дополнителни информации во врска со односите на Грција со нејзините соседи. „Триаголникот“ на Коѕијас е добро познат во Грција, речиси секогаш шефот на грчката дипломатија го споменува, за да може на својата земја да ѝ ја придаде важната улога на стабилизирачки фактор. Па, така било и во случајот со Македонија на средбата со Тилерсон. Нашата земја не била тема на разговор, но била спомената од Коѕијас, токму во контекстот на стабилност/дестабилизација на регионот.
– Не, за Скопје особено не разговаравме, но кога објаснував за прашањата поврзани со стабилноста во регионот, споменав за нестабилноста што постои кај нашите северни соседи и за нашите обиди да ги стабилизираме – вели грчкиот министер за надворешни работи веднаш по средбата, одговарајќи на новинарско прашање.
Судејќи според изјавите на Коѕијас, на агендата разговори немало конкретни прашања за кои дискутирале со Тилерсон, туку шефот на грчката дипломатија направил анализа на регионот, како може да се задржи безбедноста и стабилноста, кои сили се активни и на кој начин. Токму тоа било и интересно за Тилерсон, да чуе според Коѕијас кои се силите што го дестабилизираат регионот. Шефот на грчката дипломатија вели дека неговиот американски колега повеќе слушал отколку што прашувал. Ги слушнал размислувањата, позициите и слично на грчкиот министер за надворешни работи.
Целиот текст прочитајте го на „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коѕијас: Референдумот не е услов за Договорот од Преспа
-
Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977
-
Бакојани: Коѕијас направи грешка што ги даде термините Македонци и македонски јазик
-
Никос Коѕијас: Предлозите и агендата за идна соработка се испратени до Скопје