| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се отвора првото специјализирано продажно франкофонско катче во земјава

Книжарницата „Литература.мк,“ издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ и Францускиот институт во Скопје ве покануваат на отворањето на првото специјализирано продажно франкофонско катче во земјава.

Главната свеченост е закажана за 15 март (среда) во 19 часот, а на неа ќе се обратат неговата екселенција, господинот Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија и господинот Дарко Фиданоски, директор на издавачката куќа Арс Ламина. Настанот ќе се случи во просториите на „Литература.мк“, на улица Македонија, 15 март (среда) во 19 часот.

Иако францускиот јазик во Македонија го изучуваат околу 40.000 ученици, досега не е издвоен специјализиран простор за изложување и продажба на литература на француски јазик.

Со новото франкофонско катче се збогатува книжевната понуда во градот и таа станува подостапна за читателската публика, која на едно место ќе може да најде франкофонска литература за деца, млади и возрасни читатели, методи за изучување на францускиот јазик, преводи на француски автори на македонски јазик и обратно, книги за Франција, но и да учествува во бројните планирани работилници и книжевни читања, промоции на образовна литература (учебници и дидактички материјали), гостувања на француски писатели и илустратори и сл.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top