| четврток, 6 декември 2018 |

Со овчарка – Чола откри како и со кого ја загубил невиноста!

здравко

Мегапопуларниот пејач Здравко Чолиќ за босанските медиуми откри кога и каде ја загубил невиноста, на изненадување на голем број негови обожаватели.

-Првиот секс го доживеав со една овчарка на ливада. Па Босанец ли сум или што! Околу имаше камење, во близина река, чиста идила. На селските девојки што чуваа овци, како дете од градот, им бев мошне симпатичен. Мене и пред тоа сексуалноста ми висеше во воздухот. Во околината на Мостар постои местото Потоци каде што повеќе пати ме напаѓаа постари девојки. Една од нив, која имаше големи гради и мал задник, ептен ми се допадна. Тоа беше нешто прекрасно и незаборавно, но не дојде до контакт, не знам зошто, дали бидејќи си заминав два дена порано, па не успеа да ме ’обработи’ или поради нешто друго, но ништо не се случи. Морав да ја почекам овчарската варијанта, која за мене беше многу понормална и повозбудлива- се присети Чола на убавите мигови од младоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top