| четврток, 6 декември 2018 |

Прашање за милион долари: Како се презива кралицата Елизабета втора?

Британското кралско семејство не е должно да го користи презимето во приватните и јавните појавувања, па поради тоа, многумина не знаат како се презиваат членовите на британската динајстија.

Кралицата Елизабета втора е толку многу позната, што не е потребно да ја ословуваат по презиме. Но, кога членовите на семејството имаат потреба од тоа, на пример кога одат на училиште или во војска, на располагање имаат неколку варијанти.

До 1917 година семејството воопшто не го користело презимето. Се ословувале по име или по куќата или династијата на која припаѓале, на пример Тудор или Јорк.

Кога принцезата Елизабета втора се омажила за Филип Монтбатен во 1947 година и покрај противењето на дворот, го зела неговото презиме. Но, откако станала кралица, решила да го додаде Винздор, за нивните потомци да се разликуваат од другите во кралската лоза. Сепак, ретко кој знае дека нејзиното полно име е кралица Елизабета втора Монтбатен-Виндзор.

Ова презиме го искористи нејзината ќерка Ана, а за време на служење на војската принцот Вилијам и Хари го користеле презимето Велс, според титулата на таткото принц од Велс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top