| четврток, 6 декември 2018 |

Франција не дозволува ЕУ да ѝ диктира како да работи

Францускиот претседател Франсоа Оланд категорично го одби барањето на Брисел годинава да почнат реформите во пензискиот систем велејќи дека Европската унија нема да ѝ диктира на Франција како да работи.

– Франција мора да ги среди своите јавни долгови. Во однос на структурните реформи на пезнискиот систем, само Франција има право да каже кој е вистинскиот начин да се постигне целта – рече Оланд.

Европската унија побара од Франција да ги спроведе реформите во замена за одобрување на двегодишно одложување на рокот за намалување на буџетскиот дефицит под три проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top