| четврток, 6 декември 2018 |

Одложена средбата меѓу Меркел и Трамп

Средбата меѓу германскиот канцелар Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп е одложена за в петок, 17 март поради снежната бура, што се приближува на источното крајбрежје на САД.

– Претседателот имаше телефонски разговор со канцеларот на Германија. Се согласија заради временските услови, средбата да биде одложена и пренасочена за 17 март, изајви Шон Спајсер, портпаролот на Трамп.

Меркел требаше утре да се сретне со американскиот претседател, што би била прва средба меѓу двајцата лидери од доаѓањето на Трамп на претседателската функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top