| четврток, 6 декември 2018 |

Велес ја повтори пораката: Да се зачува унитарноста на Република Македонија

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес организира мирен протестен марш кој почна пред Споменикот на Панко Брашнаров, а заврши во центарот на градот.

Оттаму беше повторена пораката за зачувување на унитарноста на Република Македонија во одбрана на Уставот, името на државата, грбот и знамето.

Од името на турската заедница на граѓани на Велес пред присутните се обрати Селма Амедовска, подржувач на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

Таа потсети дека освен Албанците, во Македонија има и други етникуми како Турци, Бошњаци, Срби, Роми и останати, а кои како што порачаа сакаат како и досега и понатаму да живеат во унитарна и независна Македонија, а која е нивна и татковина.

-Тие потенцираат дека овие етникуми заедно со Македонците се на браникот на државноста и на зачувување на црвено – жолтите симболи на Македонија, на нејзиниот Устав, грб и знаме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top